Скандал: Министерството за култура на Србија финасирало порно филм


 

Филмот ,,Клип,, изобилува со експлицитни сцени и оргии на малолетници, а да е работата уште поскандалозна главната глумица имала само 15 години кога се снимал филмот. Овој филм бил одобрен и финансиран од српското министерство за култура.

Автор на филмот е Маја Милош, а филмот добил пари од министерството додека министер бил Предраг Марковиќ. Глумицата Исидора Симијоновиќ која го игра ликот на Јасна има само 15 години, а во филмот учествува во орален и анален секс во сите можни пози и на сите можни места. Во сцените јасно се гледаат машки и женски полни органи. Што е уште полошо, авторката никаде не предупредува дека тоа е филм што не треба да го гледаат деца под 18 години.

Во филмот се зборува за тинејџерката Јасна која живее во сиромашно семејство, со болен татко.

Таа е бесна на се и експериментира во сексот, се дрогира и се опијанува до бесвест. Користи вулгарни зборови, а ниту една од сцените не е цензурирана. Авторката се правда дека родителите на глумците биле запознаени и дека филмот е реална слика за младите и нивните проблеми.

Министерот кога го погарале новинарите само се изнасмеал и не сакал да коментира.

Дека филмот не соодвествува за младата публика се гледа уште од официјалната видео најава, а оние кои го погледнале велат дека авторите се потрудиле во највата да нема најава за уште побезобразните сцени со кој филмот изобилува.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1