Екс телохранителот бил пијан – ја претепал сопругата, синот и се заканувал дека ќе ја запали зградата


Синоќа скопјанецот кој направи вистинска драма на „Илинденска“ бил под силно дејство на алкохол.

pijaan-500Станува збор за 50-годишниот К.Л. од Скопје, дознава Курир.

Тој ја претепал сопругата и го повредил својот син, по што се заканувал дека ќе ја крене целата зграда во воздух со плинските боци што ги имал во станот.

Синоќа пред полноќ, случајот во полиција го пријавила неговата сопруга.

Насилникот бил приведен утрово во 8 часот, се уште бил во видно алкохолизирана состојба.

Разбеснетиот скопјанец цела ноќ одбивал да се предаде, па на терен дежурале противпожарно возило, брза помош и полициска екипа.

Причините за ваквото негово однесување, се уште не се познати.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1