Ексклузивно: Ќе пропее синот на Гоце Николовски – САНДРО НА СЦЕНАТА НА ОХРИД ФЕСТ


Сандро Николовски, син на македонскиот музички доајен, Гоце Николовски, ќе пропее на престојниот „Охрид фест 2012“.


Сандро, за прв пат се појавува во улога на пеач, а инаку ова 26 годишно момче по професија е новинар, заврши на македонскиот институт за медиуми.
Тој ќе пее во вечерта на дебитанти на 19 август.

Песната е џез балада, се вика „Што е среќа“, музика и аранжман Александар Чекреџи (живее и работи во Шведска, автор на „Сон егзотичен“ на Тоше Проески и коавтор на некои од најубавите песни на Дарио и миг 21, автор на ‘’Косоока’’ итн..)

Текстот е на Маја Павловска, воедно и менаџерка на Сандро, позната жена- текстописец, која живее и работи во Холандија, исто така соработничка на Тоше (Магија, Сон Егзотичен, Парче од Европа, Што си отишла итн..).

Песната се снимаше во студио “Blue”, на Григор Копров, тон мајстор Александар Стаматовски, под продуцентска палка на Зоран Ристовски (екс. Sonix music production), еден од основачите на Охридски трубадури, сегашен Охрид фест и основач на група Калиопи, гитарите ги отсвири Зоран Павловски Зозо, долгогодишен член на групата Парамециум.

Како мало потсетување, текстот на легендарната песна „Бисер балкански“ е на Јован Павловски, таткото на Маја. Традицијата продолжува и во двете семејства.

Нека е аирлија!

Фотографија: Ирена Мила

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1