Британските пожарникари успеале да го спасат станот од потполно уништување откако неговиот сопственик се обидел да си ги исуши гаќите и чорапите во микробранова.
Како што пренесува АП, пожарникарите од станот во Вејмут, во југозападна Англија, спасиле маж и успеале да го угасат пожарот во куњата.
Во пожарот била уништена само микрпбрановата печка, како и два пара гаќи и чорапи, а поради чадот уништени се и ѕидовите во станот.









