Патниците останале на аеродром бидејќи на вработените им истекло работното време


Австриска авио компанија, ноќта помеѓу саботата и неделата, на аеродромот во Братислава оставила 189 патници кои патувале од Тенериф до Виена, бидејќи на вработените им истекло работното време.

Патниците, како што пренесуваат медиумите, морале да чекаат околу 4 часа во една хала од аеродромот, а потоа на сопствен трошок го продолжиле патот за Виена.

Причина за слетувањето во Братислава било силно невреме над Виена за време на планираното слетување.

Портпаролот на компанијата Петер Тир потврдил дека настанала „голема грешка“.

Чартер летот требало да слета во Виена околу 00 и 25 минути, но поради невремето авионот бил пренасочен на аеродромот во Братислава, каде слетал околу 01 часот и 30 минути.

Патниците потоа биле одведени во хала за слетување, каде не добиле никакви информации од компанијата, а посадата исчезнала.

Дури четири часа подоцна им било соопштено дека самите треба да се погрижат за себе и за понатамошниот транспорт.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1