Епидемија на жолтица и во Скопје – регистрирани 66 случаи – еве во кои општини


Епидемија на жолтица денеска е прогласена на територијата на градот Скопје со регистрирани 66 случаи

Како што информира Центарот за јавно здравје, најголемиот број од регистрираните – 21 се на територијата на општина Шуто Оризари, девет во Аеродром, осум во Карпош, седум во Центар, шест во Чаир, пет во Кисела Вода, по три во Гази Баба и Ѓорче Петров и два случаи во општина Бутел.

zoltica race– По анализа на состојбата, денеска е пријавена епидемија на заразна жолтица поради зголемениот број заболени лица на подрачје на Скопје во јули и август годинава (Мб 10.2 на 100.000 жители), појаснуваат во соопштението.

Заболените лица се на возраст од 3-58 години. Од заболените 23 случаи се на возраст од 3 до 14 години, 19 случаи од 16 до 25 години, 19 случаи од 29 до 40 години и пет случаи се од 48 до 55 години.

Од вкупниот број заболени лица, 40 се болнички лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје и Инфективното одделение при ГОБ „8 Септември“. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 15 лица, кои се во добра здравствена состојба.

oko zolticaОд извршените епидемиолошки увиди и епидемиолошки анкети на сите заболени лица, констатирано е дека за краток временски период, односно во изминатите 10-ина дена е пријавен 21 случај, при што во четири семејства има заболено по два члена (во две семејства од општина Шуто Оризари, едно семејство од општина Карпош и едно семејство од општина Аеродром), како и во едно семејство од општина Шуто Оризари има заболено три члена. Другите случаи се епидемиолошки неповрзани.

Според  Центарот, постои можност зголемениот број лица заболени од заразна жолтица да се должи на интензивните дождови, собирање на атмосферската вода и делумно излевање на канализациската мрежа во општините каде се појавени повеќето случаи. Но, независно од местото на живеење, зголемениот број случаи може да се должи и на недоволно одржување на лична хигиена (не доволно миење раце) и несоодветно миење на свежо овошје и зеленчук пред конзумација.
Во Штип веќе е прогласена епидемија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1