„Епл“ го купува „Тесла“ за 75 милијарди долари


„Епл“ ќе се обиде да се стекне со производителот на електрични автомобили „Тесла“ во наредните 18 месеци, предвидува американскиот претприемач Џејсон Калаканис, поранешен менаџер на „Нетскејп“

Според него, „Епл“ има неколку сериозни причини да ја купи компанијата основана од Елон Маск, кој е познат и по вселенските проекти.

China iPad

Главниот мотив на „Епл“ произлегува од плановите на компанијата да создаде свој автомобил. Купувањето на „Тесла“ ќе ги забрза процесите на креирање и пласирање на пазарот автомобил од страна на „Епл“. Според шпекулациите, возилото со кодно име „Титан“ е во процес на развој.

Освен тоа, се тврди дека „Епл“ развива технологии за самоуправувачки автомобили. Во оваа сфера „Тесла“ исто би била од корист на компанијата од Купертино, бидејќи работи на слични проекти. Фактот дека компанијата гради огромна фабрика за литиум-јонски батерии, наречена „Гига фактори“, е уште една од сериозните причини поради тоа што „Епл“ сака да ја проголта „Тесла“. Ако добие контрола над неа, „Епл“ ќе може да ги задоволи целосно потребите од батерии за мобилни уреди.
Џејсон Калаканис смета дека евентуалната зделка може да го чини „Епл“ околу 75 милијарди долари. Пазарната капитализација на ИТ-гигантот од Купертино неодамна надмина 700 милијарди, што првпат ѝ се случува на американска јавна компанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1