На вчерашниот концерт по повод независноста на Македонија во арената Филип 2 продефилираа 21 пеач во склоп на концертот организиран од браќата Тавитјан.
Свечени тоалети, македонски носии, но и некои интересни креации видовме вчера на сцената во Филип 2.
Кралицата на етно музиката Есма имаше како и секогаш уникатна креација. Црвен свечен фустан со жолтото сонце на него.
Младата и згодна пејачка Адела прекрасно изгледаше ,,стегнатo,, во кратките панталончиња со мотиви од америкасното знаме.
Владо јаневски со интересен бел костум како вистински господин, а Дадо со обична мела маичка популарно наречена синдикалка но завиткан со македонското знаме.