Еве како да се добие цела куќа – бесплатно!


Ако сакате да живеете во областа на Нетретич ќе може да добиете куќа бесплатно. Таму младите брачни двојки ќе добиваат бесплатно целосно уредено комунално земјиште како и градежни материјали за да изградат куќа.

Куќите ќе бидат изградени во селото Дубравци во близина на стариот пат за Риека.

Она што е интересно е што сами ќе си го одбираат изгледот и големината на куќата, а сите потребни материјали ќе им ги даде општината. Единствен услов е изгледот на куќите не смее да отстапува од традиционалните објекти во околината.

Ова го прават за да не им се иселуваат младите – и навистина е одлична идеја.

Општината веќе ги завршила првите две фази од проектот. Во рамките на овој проект ќе има 25 сингл-семејни куќи – различни видови и големини. Предвидено е и простор за спортско-рекреативни објекти, зелени површини, и  училиштата.
Наскоро ќе го презентираат проектот и на Министерството за регионален развој

,, веруваме дека наскоро ќе започне нова фаза, која ќе вклучува опремување на комуналните области и инсталации, патишта, електрична енергија и вода “, изјави Ивица Грчан, градоначалникот на Нетретич.
Младите ќе живеат на простор од 26 831 квадратни метри земјиште, со можност за дополнителни проширувања.
“Решавањето на проблемот со станбен простор е клучен ако сакаме младите да останат овде, предност имаат млади брачни двојки од нашата област, велат надлежните.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1