Еве со што полнат македонските салами (Видео)


Ова видео прикажува како се прават кремвишлите во светот, но речиси сите салами и колбаси кои ние ги купуваме како чадени и варени, содржат главно колагенов протеин од свински кожи, колагенов протеин од говедски коски, соја гранули, алгинатна смеса наместо маснотии, нитратна мешавина и овкусители.

Знаеме ли со што се полнат македонските салами и колбаси?

Порталот ,,мојата убава градина,, разговарал со претседателот на Асоцијацијата на месопреработувачите во Македонија. Според Кирил Ватев во западна Европа редовно ставаат замена во колбасите. Кај нас се увезуваат такви производи. Тие не се отровни, но даваат слаба хранлива вредност за потрошувачите. Овие замени може да предизвикаат онко-заболувања.

Додека кожите, коските, жилите, се природни состојки, колку и да се од низок квалитет.

Друга состојка која активно влегува во колбасите се соја гранулите. Тие се јавуваат како замена на голем процент од квалитетното вистинско месо. Соја гранулите се во форма на гел кој се раствора со вода, а потоа треба да се мешаат со специјална машина наречена кутер.

Од животинските коски и кожи се добива колагенов протеин, кој е во форма на гел и може да замени меѓу 10 и 15 отсто од потребното месо во колбасите. Присуството на месо во колбасите всушност се мали парченца, остатоци на коските, кои со специјална машина се одвојуваат. Заедно со тоа мало количество месо производителите ја мелат ‘рскавицата, жилите, дури малите, ситни и меки коскички.

Извор – mojataubavagradina.mk

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1