Каталонија е индустриски и економски центар на Шпанија, но сепаратистичкото движење веќе со децении е во пораст. Истражувањата на Центарот за студии на јавното мислење покажуваат дека прашањето на сецесија на листата најважни теми за Каталонците е невработеноста, незадоволството од политиката и состојбата во стопанството.
Каталонија била моќна суверена држава со свој парламент сè до 1162 година, кога се обединила со Арагон. Но, обединувањето со Кастилија означило нешто како обратно преземање. Државата Каталонија официјално беше укината во 1714 година; многумина Каталонци веруваат дека оттогаш нивната култура, традиција и јазик постепено се уништуваат, достигнувајќи го дното под диктатурата на генералот Франко (1939-1975).
Центарот за меѓународни работи во Барселона, во соработка со Центарот за европски политички студии во Брисел потврдува: Отцепувањето на Каталонија од Шпанија е од корист за Каталонија во сите случаи, што, во голема мера, го одразува позитивното влијание од прекинувањето на фискалните трансфери на Каталонија до останатиот дел на Шпанија.
Независна Каталонија, ќе значи губење на шпанското и европското државјанство
Жителите на Каталонија автоматски ќе го изгубат шпанското државјанство и статусот на граѓани на Европската унија, ако нивната регионална влада, што ќе биде формирана по локалните избори овој викенд, одлучи да прогласи независност, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо.
– Кога некој регион се оддели од одредена земја, тој ги губи сите бенефиции кои ги добила од припадноста кон таа земја, рече Маргаљо.
Тој го даде примерот со Алжир, чие население го загубило француското и европското државјанство кога Алжир прогласил независност од Франција во 1962 година.
Ако Каталонија биде исфрлена од ЕУ, таа ќе мора да воведе нова валута; да го враќа јавниот долг во странска валута без пристап до пазарите на обврзници; и ќе има ограничен пристап до пазарот на ЕУ. Исто така, нема да може да побара помош од Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) и од Европската централна банка (ЕЦБ).
Ако Каталонија стане независна, Барса „лета“ од Примера
Законот за спорт е многу јасен. Доколку Каталонија стане независна и се одвои од Шпанија, нешто што го ветија националистите доколку победат на изборите, тогаш Примера ќе остане без каталонските клубови.
Каталонските клубови нема да можат да играат во Примера, доколку Каталонија се отцепи од Шпанија, согласни се првиот човек на шпанската лига Хавиер Тебас и првиот човек на шпанскиот спортски совет Мигел Карденал.
Од друга страна, каталонските политички лидери ветија дека ќе прогласат независност во рок од 18 месеци, доколку ги добијат изборите закажани за 27 септември. Според анкетите тие имаат добри шанси за освојување на мнозинството, а доколку тоа им успее и прогласат независност, тогаш Барселона „лета“ од Примера, како и Еспањол.
Се разбира, истото ќе значи за сите спортови, не само за фудбалот.
-Законот за спорт е многу јасен. Доколку Каталонија се отцепи, нешто што го ветија националистите доколку победат на изборите, Примера ќе остане без каталонските клубови, изјави претседателот на шпанската лига Хавиер Тебас, кој притоа додал дека според негово мислење тоа нема да се случи и дека Каталонија ќе остане дел од Шпанија.