Се што можам јас да кажам е: Ви благодарам, ви благодарам за сите победи, за сите порази, за сите емоции, за тоа што ме направивте да се чуствувам како горд Македонец.
Дојде и тој ден, кошаркарите како што ветија, така и направија. Сите заедно, со МОК и КФМ излегоа на прес. Во најтоплиот ден од 2012 година, сите изморени од долгиот пат и од 10 дневниот, како што самите го нарекоа затвор во криминалната држава од јужно-американскиот континент, дојдоа да дадат отчет пред целата македонска јавност.
И почна пресот, камерите беа подготвени, новинарите присутни, фотоапаратите подготвени. Прв излезе претседателот на МОК, господинот Васил Тупурковски, кој им се заблагодари на сите од репрезентацијата и вети идна поддршка од МОК за КФМ. Со целосен отчет излезе претседателот на КФМ, кој посочи дека тимот кој победува не се менува. Сите репрезентативци ќе останат во репрезентацијата, а доколку некој сака да се пензионира од црвено-жолтиот дрес, ќе добие работна функција во репрезентацијата или во КФМ, со цел да помогне во развивање на македонската кошарка.
Селекторот Марјан Лазовски, призна дека на турнирот бевме целосно надскокани, и за прв пат со претседателот на КФМ, изреагираа и си ги кажаа маките за судиите од турнирот. Сите европски селекции на турнирот го мислеле и признавале истото, најлошо судење на меѓународен турнир, кога било во историјата. Сепак, тој призна дека нашата селекција не е научена на западниот прекуокеански стил на игра и дека на тоа и те како ќе се работи.
Со појавувањето и сите заедно покажаа дека фамилијата е појака од се, дека не постои сила или пораз што може да ги раздели.
Пресот помина во одлична атмосфера, сите реални, сите со поглед во минатото и иднината. Но, тогаш почнаа прашањата од новинарите.
Прво прашање:„ До селекторот, ќе дадете ли ваше видување на натпреварот со Домениканската Република?“ Фер прашање, заслужи и доби фер одговор, селекторот воопшто не се ни обиде да го избегне и не му беше срам да признае каде згрешиле.
Второ прашање: „ До Перо, те молам, Перо, како капитен на овој тим расчистија дилемата, дали некој ќе си оди или не?“ Перо, како и секогаш, капитенски кажа дека е рано да се шпекулира, бидејќи овој тим, ќе го гледаме уште долго време.
Но, тогаш се случи тоа од кое секој во собата се засрами. Се појавија некои новинари, без никаков однос и култура во обраќањето – за прв пат во животот направија да се срамам што работам како новинар.
Почнаа да летаат прашања од типот:
Прашање број четри:„ Упатено кон Бо Меккејлеб, Бо, кога планираш да ја напуштиш репрезентацијата и дали некогаш ќе помислиш пак да играш за Македонија?“ или „ Упатено кон Селекторот, зашто не го искористивте во целост играчот Бо Меккејлеб, и така тој ја прави нашата репрезентација,таков играч веќе ќе немаме во тимот, долго време.“
Ќе почнам прво со реакцијата на Лестер Бо Меккејлеб, човекот кој покажа дека е поголем македонец од цела Македонија. Тој само ја наведна главата разочарано и му дошепна нешто на Перо. Перо налутено им се сврте на тие кои сеуште се обидуваа да испровоцираат одговор и им одговори: „ Бо нема да одговори на ова прашање бидејќи тоа е идиотско.“
Прашањето број 5, гласеше:
„ Зашто не сте тука сите?“ Бидејќи Влатко со автомобил доаѓа и со жена му од Словенија.
Почнаа нестручни лица да даваат свои анализи за натпреварите, да ги навредуваат и потценуваат играчите и стручниот штаб, се до момент кога Перо и претседателот на КФМ, веќе неможејќи да ги издржат разните клевети и навреди, со повишен тон им дадоа на знаење дека ова е најголемото фијаско во кошаркарската историја на Македонија и дека е поголем срам од било кој нивен пораз.
Напоменаа, дека во Бугарија, иако репрезентацијата изгубила на сите натпревари, сите медиуми ги дочекале како кралеви, а тука со репрезентација која ги реди најголемите успеси во самостојна Македонија, некои се обидуваат да ги оцрнат резултатите и игрите на тимот.
Во тој момент, сите приутни се засрамија од неправдата која и беше нанесена на Фамилијата, полека во апсолутна тишина ја напуштија просторијата.
На некои луѓе и светот да им го дадеш нема да им биде доволно, на мнозинството се што им треба е Фамилијата, а таа е сложна и посилна од било кога.
Се што можам јас да кажам е: Ви благодарам, ви благодарам за сите победи, за сите порази, за сите емоции, за тоа што ме направивте да се чуствувам како горд Македонец.