Фатени на дело: Уапсени додека бушеле ѕид на просторија во која се наоѓал сефот со пари


Саша М. (34) од Крушевац и Станој З. од Ветерник и државјанин од Германија Бајрам Ш. (54) се уапсени за време на нивниот обид да ограбат пошта во Кулпин.

Полицијата ги уапсила додека го уништувале ѕидот на просторијата во која се наоѓал сефот со пари.
Според наводот на полицијата, тројцата осомничени со автомобилот дошле до поштата. Станоје З. останал да чува стража, а Саша М. и Бајрам Ш., се доближиле до вратата и со помош на ножици за арматура го пресекле синџирот на катанецот на заштитната решетка.

Потоа со пајсер ја отвориле влезната врата и влегле во централната пошта. По тоа Бајрам Ш. Се обидел да го поткопа ѕидот на просторијата во која се наоѓал сефот со пари. Во тој момент биле уапсени од полицијата на Нови Сад.

Полицијата се сомнева дека оваа криминална група претходно извршила повеќе грабежи на територијата на Србија и во моментов работи на нивно расветлување. Осомничените покрај кривична пријава ќе бидат приведени по одлуката на дежурниот итражен судија на Основниот суд во Нови Сад.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1