ФЕСТИВАЛОТ „ЧУНГА ЛУНГА“, РАДОСТ ЗА ДЕЦАТА – „Охрид фест 2012“ почна со четиримесечен посетител



Четиримесечниот Кристијан беше најмладиот посетител на годинешниот фестивал Охрид фест 2012, кој почна синоќа во Долни Сарај во Охрид. Кристијан, беше атракција за сите кои го видоа. Цело време не заспа, гледајќи го и слушајќи го детскиот фестивал, додека во публика вриеше од деца, а и по некое бебе.


Настапија деца од цел регион, на фестивалот насловен „ Чунга Лунга“, а на крај според жирито победија Ана, Ангел и Јана Каралиевски со песнат „Безгрижно лето“. Веднаш по нив се најдоа Дамјан со песната „Шмеќер“ и Инес Беванда со „Дедо и јас“.


На фестивалот настапија и Љубица, Петар со својот познат дедо Томислав Маниќ, пеејќи „Крушата под круша паѓа“, како и Катерина Бадаревска со „Подиум“, катерина Коцетова со „Волим те нек зна цела планета“, Анастасија Андрееска со „Охрид да пее“, Благој Арсов со „Рокер сум јас“, Ева Китрозовска и Софија Андоновска со „Трка со Спиди Гонзалез“,Ана и Андреј Митревски со „Хип хоп“,и Ѓорге Калезиќ и Лорена Јанковиќ со „Црни мачак, бела мачка“. Дел од публиката беа децата од СОС детско село. Тие беа дел од фестивалското случување каде се изведоа песни од Балканот.

Специјални гости на музичкиот настан беа Ѓоко Танески и минатогодишниот победник на Макфест, Зоран Илиев.

Со фестивалот Чунга Лунга и официјално започна Охрид фест што се одржува по деветнаесети пат. Фестивалот продолжува вечерва со „Вечерта на нови ѕвезди“, а следниве денови се Фолк вечерта, Поп вечерта и Вечерта со Интернационална програма. Се пренесува на МТВ – Сателиски канал и на уште неколку телевизии во регионов.
Дадо ТопиЌ и Алка Вуица се главни ѕвезди кои ќе настапат на завршната вечер.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1