Тарабунов избегна смрт – возачот задремал на волан – запали свеќа во црква


Познатиот пеач Александар Тарабунов – Тара за влакно избегнал смрт откако враќајќи се од концерт во Ресен, возачот задремал на волан.

,, Беше доцна се враќавме од концерт во Ресен. Возачот се најаде претходно и слушавме тивка музика. Дури и разговаравме, но одеднаш тој задрема на волан,, изјави Тара за МКnews.MK

На совозачкото седиште седел таткото на Александар, среќа го забележал возачот и го подразбудил – но тој кога се разбудил во паника почнал да го врти воланот. Автомобилот одел лево десно неколку пати и за малку не излетал од патот.

,, Потоа застанувавме на две места да пиеме кафе од страв, денес татко ми отиде во црква да запали свеќа,, ни изјави Тарабунов.

,, Денес е мој ден!!! Среќа вчера што останав жив – возачот на враќање од настап заспа,, напишал Тара на својот фејсбук профил.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1