Луѓето кои живеат на Филипини повеќе немаат право да си пишуваат еротски пораки на интернет ниту пак на веб камерите да разменуваат провокативни фотографии или порно снимки.
Со образложение дека во оваа земја, порно индустријата земала залет до таа мерка што многу често млади девојчиња биле приморани за некој долар да снимат експлицитна содржина и пред веб камера во реално време да изведуваат стриптиз, мастурбација или да имаат сексуален однос пред своите богати клиенти, владата на Филипини одлучи со закон да забрани секаков вид сексуална комуникација преку интернет.
За сите кои ќе ги прекршат прописите предвидена е казна во висина од 6000 американски долари и затвор од шест месеци.
Но активистите за слобода на интернет ширум светот сериозно се загрижени дека овој закон го крши правото и слободата на изразување.