Со цвеќиња и солзи во очите роднините и пријателите дојдоа да се поклонат пред споменикот во село Љубанци, каде што стојат запишани имињата на нивните синови, татковци, сопрузи. Пред споменикот во селото, се поклонија и положија венци владина делегација, од кабинетот на претседателот, претставници на Министерството за одбрана и на Армијата, здруженија на граѓани.
Терористичкиот чин се случи пред 11 години, три дена пред потпишувањето на рамковниот договор. Македонските безбедносни сили возвратија со акција во селото Љуботен. Подоцна тоа беше првиот македонски случај што се најде пред Хашкиот трибунал.
За воени злосторства беа обвинети ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски и полицискиот службеник Јохан Тарчуловски.
Бошкоски доби ослободителна пресуда, а Јохан 12 години затвор.