Кога Даниел Смит клекна на едно колено пред Беки Ли во Пал Мал, Австралиската атлетичарка се посомнева дека нејзиното момче сакал да покаже театрална почит, за нејзиното најдобро лично достигнување во трката на 20 километри одење.
Смит кој пристигна во Лондон за Олимпијадата со неговиот брат Брендан, успеа да ја изненади Ли пред многубројната маса народ. Таа веднаш прифати, откако Смит и го понуди сребрениот прстен.
„Се наоѓам на месечината.
Како ден, немав идеја дека може да ми се случи ова. Какво изненадување. Ова е фантастичен крај, на еден фантастичен ден. Никогаш нема да го заборавам ова.
Немам веќе зборови за да го опишам ова. Можеме да одиме на одмор како верени“, изјави Ли.
Смит и Ли, кои се заедно веќе пет години после ова заминуваат за Париз.
„Најважно е што рече Да“, изјави Смит.
„Го минавме целиот овој пат заедно и мислам дека Олимпијадата беше најдобриот место и момент за да ја запросам“, додаде Смит.
Ли заврши на 28 место, зад Русинката Елена Лашанова, со побрзо време од нејзиниот личен претходен рекорд.