Бензините ПАК поскапуваат


Бензините од ноќеска на полноќ повторно со повисока цена.

Бензинот за 3,5, а дизелот за 1,5 денари.

Цената на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 87,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе биде 73 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 61,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,176 ден/кг и ќе изнесува 46,195 ден/кг.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и на понискиот курс на денарот во однос на доларот, информираат од регулаторната комисија.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1