АМАН доста е поскапувања!!! – протести пред регулаторна


Поскапи сметки за струја, поскапи сметки за парно, поскап бензин АМАН доста е !!! граѓанска асоцијација ,,АМАН,, од утре организира протести пред регулаторната комисија за енергетика .

АМАН не е здружение – иницијативата потекнала од социјалните мрежи. Група незадоволни граѓани одлучиле да кренат глас и да кажат АМАН ДОСТА Е !! им се приклучиле и други и одлучено е од денес, па секој нареден вторник на плоштадот „Пела“  да се организираат протесни собири.

Стартот на протестот е во 18 часот пред порта Македонија.

Граѓаните бараат да се врати евтината днeвна тарифа, да се врати цената на струјата од 2008 година, да се укине ставката „ангажирана моќност од 33 проценти“, да се врати цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на АД Топлификација, да се намалат цените  на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење.

Дали ќе добијат масовна поддршка или повторно граѓаните ќе чекаат некој друг за нов да крене глас – ќе се види на утрешниот прв протест. Тие ги повикуваат сите граѓани да дојдат и да се покаже масовноста на незадоволството од се повисоките сметки за струја, парно и бензин.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1