Навивачите на грчки „ПАОК“ си отишле голи, а изеле и ќотек – ФОТО


 

,,Тоа ги испровоцирало домашните навивачи, по што следувало и ќотек врз Грците. И не само тоа, навивачките маици на симпатизерите на „ПАОК“ им биле одземени, па местото го напуштиле голи.,,

 

На натпреварот во Струмица, меѓу домашните навивачи „Наше такси“ и грчките „ПАОК“, во петокот Грците извадија транспарент „MACEDONIA IS GREECE“.

„Мkd-News“ има сведоци од настанот на лице-место, кои тврдат дека Грците не пријавиле во полиција дека ќе носат навивачи, а нашите сметале дека најверојатно нема да има инциденти во женскиот фудбал. Така, полицијата без дозвола ги пуштила навивачите на стадионот.

Домашните навивачи не биле присутни на стадионот, туку некој им јавил, па дошле, по што се случил инцидентот.

-Ние ништо не знаевме, мислевме дека ќе биде мирно. Не бевме известени за тоа – сведочи очевидец.

Транспарентот и односто на гечките навивачи ги испровоцирало домашните навивачи, по што следувало и воспитен ќотек врз Грците. И не само тоа, навивачките маици на симпатизерите на „ПАОК“ им биле одземени, па местото го напуштиле голи, тврдат нашите соговорници.

Дека маиците им биле земени, можете да се уверите од сликата која ја објави сајтот ,,спортска треска,, а која до нив ја испратиле навивачи од навивачката група “Ајдуци“:

 

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1