Струмица ќе гради споменик за загинатите во пожарот


Четворицата струмички херои што го загубија животот гаснејќи го пожарот во Струмица, ќе добијат споменик.

Познатиот светски скулптор и сликар, Григориј Потоцки од Русија, ќе направи споменик посветен на четворицата херои Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов.

“Работејќи на Струмичката ликовна колонија, Потоцки дојде со идеја да креира нешто посебно за Струмица. Сугестијата беше од наша страна, тоа да е споменик за загинатите во пожарот.

Да креираме еден споменик кој ќе претставува силен симбол на незаборавот кон оние наши сограѓани кои ги дадоа своите животи, бранејќи го градот Струмица од големиот пожар“ – изјави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Градоначалникот Заев и Потоцки се договараа на денешната средба во Струмица. Други информации за споменикот, колку ќе чини и каде ќе биде сместен, се` уште нема.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1