Паразит кој што го јаде мозокот, уби дете во Минесота


Официјалните лица во Стејтдепартментот за здравство во Минесота, објавија дека паразит амеба, е причина за смртта на едно дете.

Детето чие име, пол и возраст засега не се откриени, се верува дека починало од примарен амеобик менингоенцефалитис, чиј причинител е „Naegleria fowleri“, амеба која ја има во свежата вода.
„За време на пливање или нуркање, истата може да навлезе преку носната шуплина и да се закачи за мозокот“, изјавил доктор Вилијам Шафнер, претседател на превентивна медицина на Вандербилт универзитетскиот медицински центар.

Официјалните лица и здраствените работници кои ја спровеле истрагата, говорат дека детето ваквата инфекија ја добило додека пливало во Лили езерото во Стилватер Мин, кое во моментов е затворено поради истрагата.
Ваквата инфекција е фатална по човечкиот живот. Според американскиот Центар за контрола на болести и превенции, едно лице од 123 заразени случаи, умрело во САД, во периодот од 1962 до 2011 година.

„Не е едноставно да се дијагнозира ниту пак да се лечи“, изјави Шафнер, дополнувајќи дека симптомите би можеле да бидат главоболка, треска, гадење, вкочанет врат, конфузност и халуцинации. Инфекцијата обично предизвикува смрт во рок од 12 дена.

Во летото минатата година регистрирани се четири смртни случаеви во Вирџинија, Флорида, Канзас и Луизијана и кај сите четири е потврдено дека жртвите пливале во слатководни езера.
„Се чини дека ваквиот паразит се размножува на топлина“, дополнил Шафнер објаснувајќи дека во државите во кои се измерени поголеми високи темератури, имаат зголемен број на жртви.

Помошникот на државниот епидемиолог Ричард Данил, во соопштение испратено до јавноста, изјави дека ризикот од фаќање на ваквиот паразит е многу мал.
„Пливањето е мноту добра, здрава, летна активност и не би сакале да ги обесхрабриме нашите граѓани да се откажат од него, во периодите кога времето е многу топло“, пишува во соопштението.

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1