Безбедносните камери во Лестер (Leicester) уловиле момент кога момче со нога, со карате удар го удира полицаецот во глава.
Полицаецот ги сопрел и во моментот кога е нападнат им пишувал казна. 3 мажи му се доближиле и откако двајца се расправале со него, третиот отстрана со нога го удрил директно во главата. Полицаецот од силниот удар паднал и изгубил свест.
Си заминале од местото, а едниот од напаѓачите ,,плукнал,, врз тефтерчето за казни додека си заминувал.
Повредениот полицаец бил хоспитализиран со тешки повреди на главата. Полицијата трага по напаѓачите.