Кумановец ранет во Авганистан при нападот врз принцот Хари


Македонец од Куманово кој во Авганистан работел како возач во базата Ледернек е ранет минатата недела, при нападот на талибанците на базата во која се наоѓаше принцот Хари, пишува „Вест“.  

Кумановецот работел како возач на автобус и бил задолжен за превезување на војниците од база до база. За време на нападот со автобус превезувал американски војници и работници од Босна во кругот на неговата база. Во истиот автобус биле и двајцата маринци кои загинаа во нападот.

Кумановецот бил погоден со два куршума, го погодиле во прстите. Тој бил префрлен во болница во Дубаи, пишува Вест. Во автобусот биле и двајцата маринци кои загинаа во нападот, а кои се здобиле со прострелни рани, а повредени се и други 6 американски војници кои исто така биле во автобусот кои го управувал кумановецот.

Весникот за информација се обратил и до македонското МНР но им изјавиле дека кај нив не е пријавен таков случај, а во АРМ, пак, дека тие се задолжени да се грижат само за нивните војници во Авганистан, а не и за вработените македонци преку приватните фирми.

Вест пишува дека кумановците што работат во другите бази во Авганистан пишувале за настанот на Фејсбук и така за ранувањето на нивниот сограѓанин дознале од профилите на оние кои работеле со него.

Во американските бази во Авганистан работат неколку илјади македонци, кои се ангажирани преку американски фирми како логистика на војската.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1