Фото: Градот на светлината лежи врз царството на мртвите!


Во подземјето на Париз се наоѓаат катакомби и тунели кои кријат мрачни тајни за историјата на Градот на светлината.

Главниот град на Франција има 12 милиони жители, а под него се наоѓа таканаречено царство на мртвите каде се наоѓаат останките на околу 6 милиони луѓе.

Париските катакомби се мрежа од тунели кои ги поврзуваат пештерите со некогашните каменоломи, а многу од нив се исполнети со коски и черепи.

Тунелите се со должина од 1,7 клометри и се сместени на 20 метри под површината.

Во некои од нив луѓето можат слободно да се движат, но ако заталкаат во забранета зона може да добијат казна од страна на полициска патрола. Казната изнесува 60 евра.

 

Царството на мртвите настанало во 18 век кога градските власти поради претрупаните гробишта, одлучиле да ги пренесат останките од гробовите во подземните каменоломи.

 

Бројот на тела погребани на гробиштата во Париз бил толку голем што истите почнале да излегуваат во подрумите на куќите и предизвикувале сериозни здравствени и хигиенски проблеми.

 

Катакомбите се и една од причините поради што во Париз нема многу високи згради, бидејќи тунелите поминуваат точно под градските улици, па не било возможно да се направат големи бази за градба.

 

Тунелите претходно ги користеле Германците кои во нив правеле бункери, како и припадниците на француското Движење за отпор во Втората светска војна.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1