ФОТО: Македонско знаме се вее среде Грција


Paradisos Beach е едно од летувалиштата во Грција кое е популарно меѓу туристите од Балканот. Секоја година огромен број туристи oд Србија, Црна Гора и Македонија го исполнуваат ова летувалиште до последното место.

Сопствениците како добри домаќини одлучиле да постават огромни знамиња на земјите од каде им доаѓаат гостите.

Па така во ова познатито грчко летувалиштe во Neos Marmaras високо стои и гордо се вее и македонското знаме.

Фотографијата за MKnews.MK ја испрати наша читателка која летувала во ова летувалиште. Вели чуството да лежиш на плажа и пред тебе да го гледаш македонското знаме како се вее е едноставно прекрасно.

Според оние кои го посетиле ова летувалиште односот на сопствениците и вработените кон гостите од Македонија е навистина прекрасен.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1