Фото: Погледнете го писмото во кое татко се одрече од синот хомосексуалец


Писмото кое деновиве на интернет се прошири како „вирус“, во кое татко се одрекува од својот син хомосексуалец, како што пренесува „Хафингтон Пост“, е дело на Хадсон Тејлор, а истото е упатено до неговиот геј син Џејмс.

– Се надевам дека твојот телефонски повик не значеше дека за твојот деградирачки животен стил бараш мој благослов. Имам прекрасни спомени од нашите дружења, но сето тоа сега е минато. Ти избра нешто што јас не поддржувам. Господ за тебе не сакаше таков начин на живот, се вели во писмото на разочараниот Хадсон.

Иако писмото е напишано пред пет години, сега стана вистински „хит“ но најголем број од корисниците на „Reddit“ застанаа на страната на Џејмс. Во продолжението од писмото, таткото на синот му посакува среќен роденден и продолжување на животот збогувајќи се со него засекогаш.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1