Фото: Повредена Бендевска – Вељаноски евакуиран од собранието


tepacka sobranie 2

Повредена е пратеничката Весна Бендевска, која на раце ја изнесоа од собраниската сала.

Во инцидентот повредена е и пратеничката Билјана Казанџиска.

И двете се пренесени веднаш во болница поради нанесените повреди.

Евакуиран е претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

tepacka sobranie 3

Пратениците на опозицијата кои цела ноќ ја поминаа во Собранието, влегоа во салата, но не дозволуваат да започне седницата. Им довикуваат „Уаа лопови“.

Кога влегоа во собраниската сала Вељаноски седел на своето место, но пратениците од опозицијата се качија кај него за да не му дозволат да ја почне пленарната седница на која треба да се гласа за буџетот.

При тоа обезбедувањето го изнесе Вељаноски, а во турканицата е повредена пратеничката Бендевска, која двајца пратеници ја изнесоа на раце од салата.

Foto – plus info

ВИДЕО – Еве каква е атмосферата пред собрание

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1