Пратениците се буткале меѓу себе – Координативна средба во Собранието – СДСМ не учествуваше


Како што објави Дневник инцидент се случил пред влезот на пленарната сала во Македонското собрание, каде дојде до турканици меѓу пратениците од опозицијата и од владејачкото мнозинство.

sobranie vnatre3

Пратениците од СДСМ прво застанаа пред влезот од собраниската сала и ги спречија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да влезат внатре, кои се упатија на закажаниот почеток на денешната 49. седница.

Во меѓувреме вратата од салата беше заклучена однатре, па пратениците на СДСМ почнаа да се обидуваат да ја пробијат и да го запоседнат просторот со намера да спречат почеток на седницата.

Сепак, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да влезат во салата од споредна врата.

Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа координативна средба на која не учествуваше координаторот на пратеничката група на СДСМ.

На средбата, како што наведуваат од кабинетот на претседателот на Собранието, присуствуваа Трајко Вељаноски, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, освен координаторот на СДСМ, како што тоа го правел претходно повеќе од седум месеци.

– Со ова, тој повторно покажува непочитување на член 24 од Законот за Собранието на Република Македонија, во кој е предвиден политичкиот дијалог во Парламентот. Очигледно е оти неговото учество на кординативните средби минатата недела како координатор на најголемата опозициска партија во Собранието било наменско: преку ултиматум и уцена да се добие алиби за предизвикување хаос, непочитување на институциите и злоупотреба на граѓаните и улицата за своите теснопартсики сценарија и интереси, стои во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1