Кевин Елиот и неговиот неразделен пријател Бери Дилејни, склучиле навистина бизарен договор пред да заминат во војска.
Имено, тие двајцата си ветиле дека доколку некој од нив почине, другиот ќе дојде на погребот облечен во најлошиот можен фустан.
За жал, три години по заминувањето во војска, Кевин починал.
Бери не го заборавил ветувањето кое го дал на својот неразделен пријател, па на погребот се појавил облечен во жолт фустан и високи розови чорапи.
Иако можеби ќе помислите дека сите присутни го гледале со чудење, целото семејство и пријателите веќе знаеле за бизарниот договор и го поддржале Бери во неговата постапка.