Фото: Се сруши зграда од 11 ката во Александрија – 16 мртви


Најмалку 16 луѓе загинаа кога во Александрија се сруши зграда од 11 ката. При рушењето на зградата зафатени се и околни објекти, а три имале сериозни оштетувања.

Спасувачките екипи успеале од под урнатините да извлечат 18 повредени, кои се веднаш згрижени, продолжува потрагата по преживеани.

Зградата се срушила поради лошата конструкција и непочитувањето на правилата за изградба од страна на инвеститорот. Вакви случаи се честа појава во Египет во последните години.

Во 2008 најмалку 11 луѓе загинаа исто така во Александрија зграда од 4 ката се урна одненадеш и тоа во доцните вечерни часови, додека луѓето спиеле во своите станови.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1