Младенците со сватовите веднаш по влегувањето во навивачкиот простор почнале силно да навиваат и да му даваат поддршка на нивниот тим за што добиле голем аплауз од публиката на трибините, а фудбалерите ги „почестиле“ со победа од 2 спрема 0.
Младоженецот и на денот од својата венчавка сакал да даде поддршка на својот сакан клуб, а дали неговата сакана вака го замислувала нејзиниот најубав ден во живот оценете само според сликите.