Ли Гарднер (40) од Велика Британија пред повеќе од една деценија случајно проголтал вилушка за еднократна употреба, но тогаш му било кажано да не се грижи дека таа е биоразградлива и природно ќе се отсрани од организмот.
Но, тоа очигледно не се случило.
Со време заборавил и дека ја голтнал вилушката. Се додека не му било лошо и имал болки во стомакот.
Почнал да повраќа па отишол на лекар.
Лекарот го прашал ,, дали сте голтнале нешто,, а тој одговорил ,, не,,
Јас гледам на снимката нешто што наликува на вилушка рекол лекарот, по што Ли се сетил.
По 45-минутната операција вилушката била извадена, а освен што е оцрнета, не претрпела никаква промена.
Ли Гарнер во моментот е стабилен и не се очекува да има било какви последици.