ФОТО: Во гаражи во Центар храна и глувци


Глувци, лебарки, смрад. Жителите во зградите на Градски ѕид кај Зелено пазарче се жалат дека нивните подземни гаражи се претворени во складови, каде пазарџиите ја чуваат стоката за продажба. Ова е долгогодишен проблем, тука се складира, во несоодветни услови овошје, бадеми, ореви, а како што велат станарите се пржат и тулумби, јавува А1он.

Фото - А1Он

Фото – А1Он

 

Овие гаражи, сопствениците ги изнајмуваат или пак, продавачите на диво ги претвориле во складиште кое е потенцијален извор на секакви зарази. Пазарџиите веднаш заканувачки реагираат доколку снимате или сакате да им земете изјави.
Граѓаните интервенираа и за овој сериозен проблем го известија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој веднаш им наложи на службите да интервенираат.

 

Од општинската инспекција веќе се алармирани надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство. Општина Центар веќе нема да толерира гаражниот простор да се користи како магацински или деловен простор. Согласно Законот за градење ќе бидат казнети сите лица кои во рок од 10 дена нема да користат просторот за паркинг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1