Две експлозивни направи за кои полицијата се сомнева дека се динамит се фрлени вчера утрото пред една од најпознатите дискотеки во Будва “Top Hill”.
Бомбите се фрлени во 6 часот наутро во вторникот, од возило во движење и експлодирале на платото над дискотеката.
Само 2 часа претходно дискотеката била преполна со луѓе. Експлозијата се чула во цела Будва, а полицијата го блокирала патот кои води кон брдото Топлиш.
Веднаш по експлозијата полицијата излегла на теренот и направен е увид, а само неколку часа подоцна во дискотеката пристигнал и Горан Бреговиќ со својот бенд за да одржат тонска проба пред концертот кој се одржа вчера во истата дискотека. Бреговиќ и бендот го одржале концертот без никакви проблеми и воопшто не знаеле за инцидентот.
Бреговиќ и бендот за бомбите дознале дури денеска од медиумите – односно местото било расчистено пред тие да се качат на сцената.
Инаку оваа дикотека е контраверзно место кое се поврзува со наркобосот Дарко Шариќ, и речиси секоја втора вечер има или пукање или пак тепачки.