Газдата на рестораните „Кај Злате“ си го одзеде животот по тешко боледување


 

49 годишниот Златко Митков, сопственикот на синџирот ресторани ”Кај Злате” синоќа се самоубил. Како што објави Вест Митков си го одзел животот скокајќи од вториот кат на зградата во која живеел синоќа околу 23 часот.

Од МВР ја потврдија информацијата. Настанот се случил на улицата ”Истарска” зад Олимпискиот Базен во Скопје.

Како што пишува Вест, неофицијално, Митков имал здравствени проблеми и требало да оди на операција. За Газда Злате, оние кои го познаваа имаа само пофални зборови. Тој веќе подолго време пател од црниот дроб и имал неиздржливи болки. Телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за Судска медицина.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1