Видео: Како да се спакувате набрзинка – совети од LOUIS VITON


 

Идат летните одмори, а многумина не сакаат да се пакуваат. Некои пак постојано носат премногу облека, па пакувањето им е навистина мачно и долго, а половина од гардеробата нема ни да ја облечат. Познатата дизајнерска куќа направила видео насловено – како да се спакувате набрзинка, а ништо да не заборавите.

Пред да редите во куферот прво извадете на мегдан се што мислите да носите. Распостелете го на креветот – сите работи да ви се на видик.

Почнете да исфрлате се што може да не ви треба. Запомнете на пат носете го само неопходното, зошто никогаш не знаете дали шопингот во местото каде одите ќе е добар и ќе ви е потребно дополнително место во куферот.
Не се препорачуваат торби – носете куфери. Ем не се гужваат работите ем повеќе собира. Долниот веш нека ви е во посебна преграда, а несесерот да е одвоен од гардеробата за секој случај да не настане ,,хаос,, во куферот.
Ако носите кошули ставете ги една во друга – ем нема да се гужваат ем зафаќат помалку место. И секогаш ставете ги најгоре во куферот.

Еве неколку интересни совети од  “LOUIS VITON” за тоа како да се спакувате набрзинка.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1