Клејтон Швеј од Флорида се одлучил на ваков чекор бидејќи забележал дека полицајците во униформа не го плаќаат кафето, ручекот и крофните во локалите кои ги посетуваат бидејќи најчесто ги добиваат како „честење“.
Швеј во ова видел одлична прилика и во еден локал ги излажал вработените дека е агент на тајна задача. На една од вработените тоа и било сомнително па му побарала идентификација, но кога тој не сакал да им ја покаже тие повикале вистинска полиција.
Швеј сега е уапсен за изнуда и глумење полицаец.
Една крофна чини помалку од еден долар.