Го терала 10 год син да провалува во куќи за да може да си купи дрога


Жена од Вашингтон заврши зад решетки, бидејќи го присилувала нејзиниот 10-годишен син да провалува по домови и да краде пари, за да таа може да си купи дрога.

Според полицијата, 33-годишната Marie Shafique, го натерала својот син, преку отворен прозорец да влезе во една куќа и да се обиде да најде нешто вредно. Целиот инцидент е снимен од безбедносната камера на соседите кои живееле на спротивната страна на куќата која детето се обидело да ја ограби.

Сопственичката на куќата, била во својот дом додека момчето се обидувало да влезе внатре.

-Јас го забележав момчето кое ѕиркаше низ прозорите кои беа широко отворени. Бев шокирана кога видов дека се работи за десет годишно дете, изјавила сопственичката Michelle Geronimo.

Приведената, го грабнала нејзиниот син и се обидела да избега, но полицајците веднаш ја фатиле и привеле. Кај неа бил пронајден кокаин, како и еден украден компјутер.
Менаџерот на мотелот во кој приведената била сместена, за ABC News изјавил дека жената живела во валкана соба со нејзините четири деца и исто толку кучиња.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1