Го запроси дечкото на концерт на Мадона и доби совет од неа -Видео


Мадона и помогна на една девојка да го направи запросувањето незаборавно. Освен што во оваа приказна е необично што девојката го запроси дечкото – наместо обратно, интересно е што тоа го направи со помош на Мадона и нејзиниот микрофон пред илјадници луѓе.

Запросувањето се случи на концертот на Мадона во Амстердам на 8 јули. На видео снимката поставена на youtube се гледа како Мадона ја прашува девојката ,, Сакаш да го запросиш пред неколку илјадници луѓе?,,  Откако возбудената девојка одговори ДА, Мадона и го подаде микрофонот, но ја предупреди ,, немој да ми се излигавиш над микрофонот,, а потоа го праша момчето – Дали ја сакаш? откако тој одговори потврдно девојката пред преполната сала во Амстердам го запроси своето момче.

Момчето рече ДА и публиката еруптираше додека на огромниот видео бим двојката се бакнуваше.

Мадона им подели и неколку совети како да се однесуваат во бракот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1