Голем дел од заразените со Западен Нил се во кома


Поголем дел од пациентите хоспитализирани на инфективната клиника во Белград се во кома и се приклучени на апарати, изјавила др Олга Дуловиќ заменик директор на клиниката за инфектологија.

Пациентите и биле донесени без свест, така што изостанала информацијата дали некаде патувалеили не. За време на вчерашниот ден потврдено е дека уште 16 луѓе се заболени од овој вирус. Вкупниот број на заболени во Србија е 37 луѓе.

Од заболените само 2 патувале. Едниот во Грција и Црна Гора и другиот во Германија, останатите се заразени во Србија. Сите пациенти се над 50 годишна возраст, живеат во близина на шуми, реки или имаат викендици во кои престојувале за време на летото.

Меѓу заболените се жители на општините Палилула, Обреновац и Гроцка а заразени биле на бреговите на Сава и Дунав. Епидемиолозите ги предупредуваат рибарите да внимаваат бидејќи тие се изложени на најголем ризик од зараза. И официјално е потврдено дека вирусот го пренеле домашни комарци кои се излегле во Србија, а не е пронајден ниту еден тигрест комарец. Со оглед на фактото дека носители на вирусот се птиците, а комарците само преносители истрагата сега е насочена на испитување на потенцијалните резервоари на болеста меѓу дивите и домашните птици.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1