Екс министер на МВР ќе биде лустриран во понеделник? Уредници од МТВ куртулиле


Во понеделник комисијата за лустрација најави дека ќе расправа за 3 високи функционери на МВР. Меѓу нив и досието на бивш министер на МВР, објавува Либертас од свои извори.

Лустраторите вчера расправаа за четири предмети. Според информациите седницата била проследена со жестока расправија. На маса биле предметите на режисери и уредници од МТВ. Она што се знае во јавноста е дека се расправало за 4 предмета. Од кои два се целосно затворени, а два се тргнати настрана и може да се стават на повторно разгледување ако се најдат нови докази.

Според а1 он пак лустраторите по долга расправија се откажале да прогласат за кодоши двајца уредници во МТВ. Половина од членовите тврделе дека нема докази и се заканиле дека ќе излезат во јавнос да кажат дека решенијата се носат без докази, тврди порталот.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1