Голем пожар во Велес: Изгореа неколку куќи, немало надеж за спас за жената, затруено едно дете


Вистински хорор се случувал синоќа по полноќ, откако пожар избувнал во две куќи на местото викано Дворови во Велес. Веќе е познато дека во пожарот, кој подоцна зафатил уште три куќи, почина 75-годишната Јелица Б., а повредени се уште четири лица.

ФОТО: Дума.мк

ФОТО: Дума.мк

Новите детали за огнената стихија која проголта неколку куќи, говорат дека и покрај обидите за спас, било невозможно Јелица да се извади од куќата. Таа се наоѓала на горниот кат од куќата, а обидот за нејзино извлекување бил неуспешен бидејќи се урнале скалите кои воделе до горниот кат, откако истите биле зафатени од пожарот. Надеж повеќе немало. Во куќата Јелица била со својот син и малолетниот внук

Во пожарот синот е неповреден, а внукот кој е 16 годишна возраст имал знаци на труење со чад по што му била укажана лекарска помош од екипата на Итната медицинска помош. Во страшниот пожар повредени се и командирот на противпожарната единица, како и двајца соседи кои помагале во гаснењето на пламените јазици. Според сегашните информации тие се здобиле со полесни повреди.

Пожарот е ставен под контрола, а од полицијата велат дека увидот ќе се врши откако ќе бидат овозможени услови за тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1