На неделата на мода во Њујорк, руска манекенка прозборела за застрашувачките начини и методи кои манекенките ги употребуваат за да носат број 0. Обично тие со оваа бројка ја опишуваат својата тежина.
Една кутија цигари, разни апчиња за слабеење, секојдневните лаксативи се само дел до методите, а од пред извесно време на пазарот се појавиле и инекции кои влијаат на работењето на тироидната жлезда, што резултира со забрзување на метаболизмот.
За намалување на апетитот, се користи и ХЦГ, хормон кој може да се најде во урината на трудниците и обично се вбризгува во бутот или пак се става под јазикот, но неговото дејство никогаш не е медицински докажано.
Манекенката Кира ,исто така изјавила дека слушнала за модна агенција која ги тера манекенките да земаат дрога, од типот на кокаин за да тие не се дебелеат и да останат слаби.
Модниот дизајнер Џек Кристи потврдил дека моделите ги хипнотизираат за да им го контролираат апетитот или голтаат топчиња од памук, кои им овозможуваат да се ослобдат вишокот на вода и сало пред тие да излезат на модната писта.
Нутриционистите предупредуваат дека ограничувањето на влезот на калориите во краток временски рок може да доведе до неухранетост, која пак може да предизвика оштетување на имунолошкиот систем да ја исуши кожата и да дојде до ослабување на мускулите.
Експертите потсетуваат дека не се само манекенките тие кои се под притисок да бидат слаби, туку дека целата модна индустрија од новинари, блогери, уредници може да биде погодена од хистеријата која што почнува пред почетокот на една модна недела.