Грујо брате јави се – ај заврши ми таја работа (Фото)


На фејсбук профилот на премиерот Никола Груевски секојдневно стигнуваат критики, поплаки, фалби – пишуваат задоволни граѓани, изреволтирани граѓани – едни го фалат, други го кудат, но одвреме на време има и по некој бисер.  

 

Човеков си има мака – работи хонорарно во комуналец, рани 4 члено семејство, има ќерка која е самохрана мајка. Си се жали човекот на премиерот нормално и бара помош од него. Еве дел од писмото, а целото можете да го прочитате од фотографијата.

,,Здраво брат Грујо јас сум 4ца дома, работам во комуналец на договор, кажи ми дали може да се гледа семејство со таја плата,,

,, те замолувам како наш премиер да ја завршиш таја работа ако не ти је тешко, мој мобилен е 07* *** *** јави се те молам како брат. ,,

,, градоначалникот не те слуша, ти му велиш едно он прави друго како да си, да ми простиш на изразо, последна дупка на свирало,,

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1