Од Русија со љубов: Со пиштол ограбил цвеќара – украл рози за девојката


 

Како што вели старата поговорка , „Паметот и алкохолот не одат заедно“, така и скршено срце и алкохолот знаат да направат голем метеж.

Еден руски 23 годишник во алкохолизирана состојба влегол во една цвеќара во Русија и пукал во воздух. Потоа, употребувајќи закани, ја приморил вработената да изработи букет од рози вреден 10,000 рубљи(240 евра). Откако го добил тоа што го сакал со украдениот букет влегол во такси и се упатил кон станот на неговата понежна половина.

Еден час подоцна и полицијата пристигнала и го уапсила заљубениот криминалец од станот на неговата девојка, благодарение на такси возачот кој го возел алкохолизираниот романтичар, а бил исплатен со рози.

Кога го прашале зашто го направил тоа, тој одговорил дека неговата девојка го исфрлила од дома бидејќи претходната вечер се вратил дома пијан и без цвеќе.

Tags: , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1