На граничнитe премин кон Грција од утринава колони и чекање. Најмногу чекање има на граничниот премин „Богородица“ каде се чека и по 30 минути, соопштува АМСМ.
Зголемена фреквенција имало и на граничниот премин кај Дојран но без поголеми чекања. На останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.