Како што крадците влегуваат во нашите домови, така хакерите во компјутерите. Начинот на оперирање на класичните криминалци го знаеме, но што е со модерните натрапници, како тие влегуваат во нашите компјутери, и како да ги спречиме.
Прво, што е хакер?
Компјутерџија што ги користи безбедносните слабости за неовластен влез во компјутерскиот систем. Електронските натрапници ги напаѓаат големите мрежи, но неретко и индивидуалните компјутери. Откако ќе пристапат, можат да инсталираат штетни програми што ја нарушуваат работата на комјутерот, можат да крадат податоци, или пак едноставно да дистрибуираат т.н. спамови.
Кога станува збор за слабости, едноставно ги има секаде. Комјутерскиот софтвер е сложен, се состои од илјадници редови кодови. Со оглед на тоа што е напишано од човек, сосема нормално е да постојат грешки и пропусти, кои пак хакерите умешно ги користат за да извршат неовластен влез во системот. Исто така електронските криминалци ги користат своите штетни кодови за да ги активираат штетните програми во вашиот компјутер.
За секој напад постои одбрана, за вашиот дом сигурносна врата, за компјутерот „firewall“. Тоа е програма што обично доаѓа во пакет со анти-вирусниот софтвер, кој го штити компјутерот од потенцијални напаѓачи, истовремено правејќи го невидлив за хакерите.