Хербалистика – лекување со чај


Глог за срцето, коприва за крв, камилица за варење, липа за настинка, коњска опашка за остеопороза. Единствено треба да знаете да ја изберете вистинската билка.

Лековитите својства на чајот се познати уште од античко време, а кај нашиот народ постои верување дека секоја болка може да се ублажи со помош на одредена билка.

Aвтор – Александра Смилевска

Глог за срцето, коприва за крв, камилица за варење, липа за настинка, коњска опашка за остеопороза. Единствено треба да знаете да ја изберете вистинската билка.

Чаевите ги ублажуваат симптомите кај полесни нарушувања на спиењето, стомачни проблеми, а се препорачува и во терапија на хроничните болести како што се воспаление на цревата, алергии, зајакнување на имунолошкиот систем. Денес речиси и не постои област во модерната фитотерапија каде билките или производи од билки не можат да најдат примена.

Научниците од Запад велат дека лекувањето со билки е вистинскиот начин за лекување на 21 век и тоа поради големата токсичност на лекови кои се практикуваат. Лековитите билки се користат како дополнителна терапија за ублажување на различни симптоми на одредени болести, за регулирање на одредени физички функции во различна возраст, но, исто така и во спречување на одредени болести.

Сепак, треба да се има на ум дека повеќето билки може да помогнат во почетната фаза на болеста, кога класичната терапија се уште не е задолжителна, но сепак точно е и дека не може да ги замени традиционалните лекови, особено за третман на тешка болест. Употребата на билки, кои денес се користат во исхраната или за лекување се користеле од памтивек. Сепак, многу растенија ги преживеале сите промени кои ги носела цивилизацијата, но и покрај тоа се користат од пред илјадници години.

Кај нас чајот најчесто се подготвува од камилица, нане, шипка, но се попопуларни се и рускиот, кинескиот и индискиот чај. За подготовката на кинескиот чај постои легенда стара 3000 години. Додека бил на лов, еден цар зоврил вода од реката. Во водата паднал лист од грмушката која растела во близина. Водата веднаш сменила боја, но необичниот мирис бил тој што го натерал царот да проба неколку голтки.

Вкусот му се допаднал, а  за многу кратко време не чувствувал умор. Според некои документи будистичките монаси пиеле чај додека медитираат, а  кинеската традиција на секојдневно пиење чај е стара над илјада години. Од Кина овој обичај го прифатиле и на жителите на Тибет во 12 век, а во Јапонија во 17 век станал составен дел на традицијата и културата. Се верува дека на европско тло го донеле Арапите во 12 или 13 век, но пишани докази за тоа има дури на почетокот на 17 век.

Билки кои најчесто се користат кај нас за подготвување на чај

Нане

Освен што имаат пријатен мирис и вкус на пеперминт чајот од нане има многу лековити својства. Тој е многу ефикасен во третманот на настинки и помага при проблеми со варење на храната и ги смирува желудникот и цревата. Нането има корисен ефект врз нервниот систем и се препорачува за нервозни и вознемирени луѓе.

Зелен чај

Зелениот чај потекнува од Кина, и има моќни антиоксидантни својства. Го намалува ризикот од болести на срцето и вените, рак и многу други хронични болести. Зелениот чај помага во варењето на храната, и има благотворно влијание врз кожата. Многумина го сметаат за најздрав чај во светот, кој може да спречи појава на многу болести.

Коприва

Чајот од коприва уште од античко време се користе како третман на инфекција на уринарниот тракт и на бубрезите. Копривите се богати со калиум, кој е природен диуретик, а железото помага во производството на црвени крвни зрнца. Чајот од коприва ја прочистува крвта и го стимулира клеточното обновување, а се препорачува и како лек за луѓето кои имаат проблеми со кожата.

Камилица

Чајот од камилица кај нас се користи како лек за сите проблеми затоа што опушта,  добар е за варењето на храната, ублажува болка, намалува осипи а помага и при грчеви. Поради нејзините својства го подобрува изгледот на кожата и косата кои изгледаат поздрави и посилни. Жените често користат камилица за ублажување на менструалните болки.

Липа

Чај од липа е исто така често се користи кај нас. Познато е дека помага при настинки, грип и воспалено грло. Исто така се користи како природен лек за несоница, а добар е и за смирување и опуштање на нервите, па затоа се препорачува на луѓе кои се постојано изложени на ментален напор. Чајот од липа треба да се конзумира умерено затоа што прекумерни количини може да предизвикаат срцеви проблеми.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1